МЗТ Скопје

МЗТ Скопје потпиша тригодишен договор со талентираниот Дарио Митевски

17-годишниот Дарио Митевски најмалку уште три години би требало да биде дел од МЗТ Скопје, македонскиот шампион потпиша договор со талентираниот кошаркар.

МЗТ Скопје потпиша тригодишен договор со Дарио Митевски кој е производ на нивната школа.
 
„Капитенот на македонската јуниорска репрезентација, Дарио Митевски (17 години), ќе продолжи да го развива својот голем талент во екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов тригодишен договор со нашиот клуб.
 
Станува збор за еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, кој летово беше меѓу најзаслужните што жолто-црвените јуниори го освоија четвртото место на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Орадеа (Романија). Митевски минатата сезона беше предводник на две шампионски генерации, поточно на младинскиот тим кој заврши како првопласиран во Втората лига, како и на јуниорскиот состав кој беше најдобар во М-18 лигата во организација на Кошаркарската федерација на С. Македонија (КФСМ).
 
Подолгорочниот договор со талентираниот Дарио е само уште една потврда на заложбите на МЗТ Скопје Аеродром за давање шанса на најдобрите млади кошаркари во државата, за што и беше донесена одлуката нашиот младински тим да игра во Првата лига следната сезона. Само со промоција на млади играчи како Митевски може да се надеваме на развој не само на нашиот клуб туку и на целата македонска кошарка во целост.
 
Дарио е целосен производ на МЗТ Скопје Аеродром, со оглед што веќе пет години наназад го носи дресот на нашиот клуб од најмалите категории сѐ до ланскиот настап за младинскиот состав во второлигашката конкуренција. Тој и во иднина ќе го добие целото внимание на тренерскиот тим, заедно со сите пропратни услови за работа со кои располагаме, а кои дефинитивно се најдобри во државата во однос на кошаркарските колективи. Сето ова е со цел тој во брзо време целосно да го развие својот раскошен талент и за само неколку години да се наметне како еден од носителите на играта на нашиот најдобар состав“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе