АБА 2 лига

МЗТ Скопје поразен од Младост во меч со драматичен финиш

МЗТ Скопје во последните две минути му подари победа на Младост Земун кој триумфираше со 82-75. 

По двете победи, МЗТ Скопје со пораз го заврши настапот на АБА 2 турнирот во Сараево, а малку фалеше да победат и денеска.
 
Вистинска драма се случуваше во финишот, на стотина секунди до крајот, МЗТ Скопје имаше водство од 75-72, но му дозволи на противникот да направи серија од 10-0 со која на крајот тие победија со 82-75.
 
Најдобар во составот на МЗТ Скопје беше Олуџоби со 18 поени, Мекиќ реализираше 14. Милосављевиќ со 17 и Аранитовииќ со 16 беа најдобри во составот на Младост.
 
Следниот АБА 2 турнир е воо Златибор од 22 до 27 март. МЗТ Скопје се наоѓа на четвртата позиција со шест победи и четири порази.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе