Аеродромци ја вратија круната

МЗТ Скопје по седми пат стана шампион на Македонија!

МЗТ Скопје со 85:78 го победи Работнички во третиот натпревар од финалната серија и по седми пат стана шампион на Македонија. 

МЗТ Скопје со убедливи 3-0 ја доби финалната серија против најголемиот ривал Работнички, овој пат славеше со 85:78 и ја освои шампионската круна.
 
Аеродромци му ја земаа круната на Работнички кој минатата сезона ја прекина доминацијата на МЗТ Скопје, но „штрковите“ брзо се вратија на тронот.
 
Работнички слично како и минатите дуели, имаше пад во второто полувреме кое го чинеше победа. На полувремето центарци имаа предност од 54:46, но таа се стопи во третиот период во кој постигнаа само девет поени. МЗТ Скопје го презема водството. Работнички во последниот период се врати, дојде до негатива од еден поен, но тогаш Аеродромци се разбудија, повторно се одлепија и на крајот дојдоа до толку посакуваната победа.
 
Иванов со 23 поени беше најдобар во тимот на МЗТ Скопје, Медфорд постигна 16. Кај Работнички Чавдар Костов и Ѓорѓи Чековски реализираа по 17. За МВП беше прогласен Дамјан Стојановски.
 
Ова беше седмиот трофеј за МЗТ Скопје, Работнички со 15 се уште е далеку пред сите во македонската кошарка.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе