Суперкуп „Драган Василов - Цевка“

МЗТ Скопје по петти пат го освои Суперкупот на Македонија

МЗТ Скопје со 100-82 го победи ТФТ и го освои Суперкупот на Македонија кој втора година го носи името „Драган Василов - Цевка“. 

МЗТ Скопје ја оправда улогата на фаворит го победи ТФТ и по петти пат го освои Суперкупот на Македонија.
 
Тимот од Аеродром имаше одлично отворање на мечот, уште во првата четвртина направи 15 поени разлика, 29-14. Вториот период беше изедначен, но ТФТ само за два поени успеа да намали, на одморот се замина со 47-34.
 
Во вториот дел ТФТ влезе многу посериозно, на два и пол минути до крајот дојде на само -5, но потоа следуваше шоу на МЗТ Скопје по кое на крајот славеа со убедливи 100-82.
 
Мицовиќ со 27 поени беше најдобар, Кофеј и Дамјан Стојановски постигнаа по 18 поени, двоцифрен беше и Војдан со 11 поени. Во составот на ТФТ, Андерсон постигна 20 поени, Николов 19.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе