АБА 2 лига

МЗТ Скопје по две продолженија победи кај Рогашка

Во драматичен меч со две продолженија МЗТ Скопје со 90:83 победи на гостувањето кај Рогашка, Милошевиќ со 30 поени беше херој во победата. 

МЗТ Скопје имаше вистински предизвик да ја победи одличната Рогашка на нејзин терен, македонскиот шампион го направи тоа и дојде до важен триумф.
 
Нашиот тим одлично го отвори мечот и првата четвртина ја доби со 20:13, на полувремето МЗТ Скопје имаше предност од 36:30. Но како одминуваше времето домаќините ја топеа предноста и се вратија во мечот. На крајот резултатот беше изедначен, 67:67, натпреварот отиде во продолженија.
 
Во првото продолженија Рогашка поведе со пет поени разлика на минута до крајот. Кочов побара тајмаут, по кој МЗТ Скопје со поени на Стојановски и Харис успеа да се врати, да изедначи на 74:74 и да го однесе натпреварот во уште едно продолжение.
 
Во второто продолжение МЗТ Скопје доминираше и на крајот дојде и до убедлива победа од 90:83.
 
Милошевиќ беше најдобар на теренот, постигна 30 поени, имаше и 11 скокови, Стојановски реализираше 13, а двоцифрен беше и Хингс со 11 поени.
 
Во следното коло МЗТ Скопје му гостува на лидерот Борец кој има еден бод повеќе од нашиот тим.
 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе