Голем потег на шампионот

МЗТ Скопје нема да користи субвенции и ќе донира 100.000 денари

МЗТ Скопје се откажа од финансиската поддршка која можеше да ја добие од државата поради актуелната ситуација со коронавирусот, шампионот дури и ќе донира средства за купување на опрема за здравствените работници. 

МЗТ Скопје преку соопштение ја информираше јавноста дека нема да ги користи предвидените субвенции од државата, а ќе извдвои 100.000 денари донација во борбата против коронавирусот.
 
„Актуелниот шампион и убедлив лидер на табелата во актуелното првенство, МЗТ Скопје Аеродром, би сакал да ја информира јавноста дека нема да ги користи субвенциите предвидени според Законската уредба за финансиска поддршка на спортисти, спортски работници и спортска администрација за време на вонредна состојба, со цел тие средства да останат во буџетот и да бидат употребени на подобар начин во борбата против заедничкото зло на сите нас – болеста Ковид-19.
 
Нашиот клуб, воедно, на конкретен начин се приклучи на иницијативата #СпортистиПротивКоронавирусот и тоа со донација од 100.000 денари на наменската сметка, од која потоа ќе бидат обезбедени заштитни маски и опрема за здравствените работници, кои се во првиот одбранбен ред, како и средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица. Со ова уште еднаш сакаме да ја покажеме дека сме општествено-одговорен спортски колектив, кој секогаш јавното добро на сите во државата го става пред личниот интерес.
 
Истовремено, со нашето откажување од субвенциите и конкретната финансиска донација би сакале да ги поттикнеме и другите спортски колективи во Македонија да го следат нашиот пример и да помогнат, секој на свој начин и секој онолку колку што може. Коронавирусот е противник кој мора да се наттрча, натскока, тактички надмудри и на крајот убедливо да сѐ – победи. Ова е заедничка борба на сите нас, во која активно се вклучија сите наши кошаркари, тренери, управа и администрација со желба да покажеме солидарност и хуманост.
 
Овој натпревар го играме за сите наши граѓани, за самите нас, за нашите семејства, за нашите деца. Знаеме што значи тимска игра и сигурни сме дека со заеднички сили ќе го победиме и коронавирусот“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
 
Фото: МЗТ Скопје

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе