Прва лига

МЗТ Скопје му се реваншираше на Работнички, победа во „Градски парк“

МЗТ Скопје го победи Работнички со 74:70 во „Градски парк“ во рамките на 17. коло во Првата лига и му врати за поразот во Аеродром.

143. вечно дерби му припадна на МЗТ Скопје, Работнички не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и да дојде до уште еден триумф над големиот ривал оваа сезона.
 
Работнички отвори добро со 5-0, МЗТ Скопје иако имаше бавен старт успеа да го сврти мечот и првата четвртина да ја заврши во своја полза со 18:16. Домаќините имаа водство и во вториот период, направија пресврт и поведоа со 29:27, но МЗТ Скопје повторно беше подобар во финишот од периодот и на полувремето се замина со предност од 39:35 за Металците.
 
Во второто полувреме МЗТ Скопје го чуваше водството, имаше и двоцифрена предност од 49:37. Работнички успеа да се врати во финишот од мечот и да креира неизвесна завршница, но гостите не дозволија уште еднаш да ја загубат позитивата, на крајот славеа со 74:70.
 
Најдобар стрелец во составот на МЗТ Скопје беше Иванов со 22 пеони, Самарџиски постигна 16 поени имаше и 16 скока. Кај Работнички најефикасен беше Крстевски со 19 поени, Мираковски постигна 18.
 
Во следното коло МЗТ Скопје му е домаќин на Кожув, а Работнички гостува кај Фени Индустри.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе