Засилување за „металците“

МЗТ Скопје купи нов центар

Ново засилување за МЗТ Скопје, Бојан Радуловиќ потпиша договор со македонскиот шампион. 

МЗТ Скопје купи нов центар
 
Ново засилување за МЗТ Скопје, Бојан Радуловиќ потпиша договор со македонскиот шампион.
 
МЗТ Скопје ја засили центарската позиција во тимот со Бојан Тадуловиќ.
 
„Екипата на МЗТ Скопје Аеродром во продолжението на сезоната ќе има уште една опција во играта под кошевите, откако денеска беше официјализиран договорот со српскиот кошаркар кој има и словенечки пасош, Бојан Радуловиќ (27 год., 211 см).
 
Станува збор за центар со искуство од најсилната АБА-лига, во која настапуваше прво со Металац Ваљево, а потоа и две сезони со Унион Олимпија и во која одигра вкупно 45 натпревари. Тој во Аеродром доаѓа од словенечкиот прволигаш Тајфун од Шентјур, каде што на седум средби сезонава имаше просек од 9,4 поени и 6,9 скока.
 
Радуловиќ кариерата ја почнал во тимот на Спартак од родната Суботица, по што има играно за Електра Шоштањ, Олимпија во два наврати по три сезони, Хелиос, Шкофја Лока и Копер Приморска. Лани, со „змајчеки“ од Љубљана беше шампион на Словенија“, стои во соопштението на клубот.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе