сабота, 20 април 2024

Од вечерва ќе се затвораат улици во Центар поради утрешни митинзи

Поради предизборни митинзи кои се закажани за утре вечерта во Скопје, уште од вечерва ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во централното  градско подрачје.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата Св. Кирил и Методиј ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија.

За сообраќај ќе биде затворена ул.Св.Кирил и Методиј на потегот од крстосницата со бул.Кочо Рацин до крстосницата со бул.Св. Климент Охридски.

Утре во 20 часот на плоштадот Македонија, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ