МЗТ Скопје

МЗТ Скопје ќе се жали на големата казна од АБА: Ова ни дојде како гром од ведро небо, нема да дозволиме да се руши нашиот имиџ

МЗТ Скопје ќе испрати жалба за високата казна која ја доби од АБА лигата поради инцидентите на мечот против Сутјеска. 

Дел од мечот меѓу МЗТ Скопје и Сутјеска беше во прекин поради односот на домашните навивачи кон судиите кои побараа да се испразнат трибините. Македонскиот клуб е казнет со 15.000 евра и еден натпревар пред празни трибини.
 
МЗТ Скопје е изненаден од високата казна, соопшти дека ќе поднесе жалба бидејќи не сака да се нарушува имиџот за клубот.
 
„Информацијата дека сме казнети со неверојатни 15.000 евра и настап на еден натпревар пред празни трибини (следниот против Хелиос) ни дојде буквално како „гром од ведро небо“, пред сѐ поради поради ригорозноста покажана кон нашиот клуб.
 
Шокирани сме од одлуката, особено што станува збор за натпревар на кој присуствуваа само 250 гледачи и на кој немаше некој посериозен инцидент. МЗТ Скопје Аеродром долги години наназад настапува во натпреварувањата од АБА-лигата и досега бил домаќин на голем број натпревари, на кои никому ништо не му се случило. Напротив, неретко сме биле потенцирани како пример за добро организиран клуб, кој знае да се справи со предизвиците кои со себе ги носи играњето во друштво на најдобрите тимови на просторот на поранешна СФР Југославија. Затоа сме изненадени што преку ноќ се заборава на многуте одлично организираните натпревари низ годините и ни се наметнува епитетот на проблематичен домаќин.
 
Досега сезонава сме казнети со повеќе од 20.000 евра и тоа за средби на кои вкупно на сите заедно немало ниту приближно гледачи како на само еден од попроблематичните дуели на кои бевме сведоци во регионалното натпреварување изминативе две години. Затоа, решени сме да не дозволиме дополнително нарушување на имиџот на нашиот клуб, односно ќе побараме адекватна проценка на нашите пропусти.
 
Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром уште денеска ќе поднесе жалба на одлуката на дисциплинскиот судија и уверени сме дека ќе ја истераме правдината на виделина, односно ќе покажеме дека направениот грев е погрешно градиран и дека наместо од групата сериозни ќе треба да биде сместен во категоријата помали прекршоци.
 
А за тоа, санкциите се далеку помали и поподносливи“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
 
Фото: МЗТ Скопје

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе