АБА 2 лига

МЗТ Скопје ја победи Сутјеска, судиите ја празнеа салата

МЗТ Скопје ја забележа 12. победа во втората АБА лига оваа сезона откако триумфираше врз Сутјеска со 88:78, натпреварот го одбележа и инцидент. 

Македонскиот шампион МЗТ Скопје со победа над Сутјеска се рехабилитираше од поразот од Борец во минатото коло.
 
МЗТ Скопје бавно го почна натпреварот, по првата четвртина имаа негатива од пет поени, а на одморот Сутјеска замина со еден кош предност 33:32.
 
Аеродромци победата ја обезбедија во третата четвртина која ја добија со 27:15, до крајот само ја одржаа предноста за конечни 88:87.
 
Стојановски со 28 поени беше најдобриот на теренот, по 14 поени реализираа Крстевски и Харис.
 
На мечот се случи и инцидент, судиите ја празнеа салата поради тоа што беа мета на навивачката група „Фемили“ која ги навредуваше и фрлаше предмети на теренот. 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе