АБА 2 лига

МЗТ Скопје ја победи Горица и озбезбеди настап во плејофот во АБА2 лигата

По голема борба кошаркарите на МЗТ Скопје со 77-73 ја победија екипата на Горица и на меч пред крајот го заверија пласманот во плејофот. 

Тренерот Радуловиќ за овој натпревар не можеше да смета на тројцата важни кошаркари, Олуџоби, Хасани и Магдевски, но МЗТ Скопје и со овој потесен ростер успеа да дојде до важниот триумф над Горица.
 
Македонскиот тим имаше одличен старт на натпреварот, првата четвртина ја доби со 29-21, но противникот успеа да се врати и во последната четвртина имаше неизвесен финиш кој заврши со среќен крај на МЗТ Скопје и победа од 77-73.
 
Мекиќ со 16 поени беше најфикасен во составот на МЗТ Скопје, Крстевски постигна 14, Тарнер 13, Стојановски 10, кај Горица најдобар беше Баковиќ со 15 поени.
 
МЗТ Скопје обезбеди место меѓу осумте најдобри во лигата, а во недела по последното коло против Златибор ќе се знае од кое место ќе го почне плејофот.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе