Одложен стартот на јадранската лига

МЗТ Скопје и Работнички во октомври ќе го почнат настапот во АБА2

Почетокот на регионалната кошаркарска лига АБА е одложен за почетокот на октомври поради пандемијата со коронавирус која не дава знаци на спласнување. 

На денешното собрание на АБА е одлучено второлигашите да стартуваат на 1 октомври, а првата АБА лига ќе почне два дена подоцна. Во МЗТ Скопје и Работнички, Македонија оваа сезона ќе има два претставника во АБА2 лигата.
 
Стартот на сезоната е пролонгиран, но можно е ова и да не биде конечно решение доколку ситуацијата со коронавирусот не се промени на подобро. Проблем се патувањата на екипите особено во земјите кои се членки во Европската унија како Словенија и Хрватска.
 
На состанокот е донесен и протокол по кој ќе се играат натпреварите во услови на пандемија со ковид-19. Тоа ќе донесе дополнителен финансиски товар за учесниците кои побараа од лигата да се најде начин да им се олесни финансиски, евентуално со наоѓање спонзор кои би ги подмирил тие трошоци. 
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе