Втора АБА лига

МЗТ Скопје и по трет пат загуби од Приморска, шанса за првата АБА лига ќе бара преку бараж

Приморска со 3-0 го доби финалето во втората АБА лига, клубот од Словенија стигна до шампионската титула и промоција во елитата откако вечерва во Скопје го совлада МЗТ со 61-66.

За разлика од првите два меча во Копер кога „штрковите“ беа убедливо поразени, избраниците на Кочов вечерва пред своите фанови пружија силен отпор, но на крајот тоа не беше доволно за победа, па Приморска стана шампион во втората АБА лига и се избори за промоција во елитата.

МЗТ Скопје првата четвртина ја реши во своја корист со 21-19, и во најголемиот дел од вторите десет минути се играше кош за кош, но гостите кон финишот имаа серија од 0-8 и на пауза заминаа со позитива од пет поени (34-39).

Третиот период беше прилично очаен за избраниците на Кочов. кои реализираа само скромни 9 поени, па Приморска продолжи да ја зголемува предноста и стигна до +13 во пресрет на завршните десет минути.

„Штрковите“ сепак не се предадоа, со борбена игра под двата коша успеаја да се вратата во игра и да стигнат до еден негатива (61-62). Но МЗТ Скопје тука застана, не ја искористи шансата за пресврт и мечот заврши со победа на гостите од 61-65.

Ова сепак не е крај на надежите за настап во прата АБА лига. МЗТ Скопје во периодот помеѓу 16. и 30.април ќе одигра бараж против Задар. Се игра серија до две добиени, а противникот ќе ја има предноста на домашен терен и пред своите фанови ќе го игра првиот натпревар и евентуалната мајсторка.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе