АБА лига

МЗТ Скопје и дефинитивно испаѓа, Македонија во следната сезона нема да има претставник во првата АБА лига!

Откако оваа сезона заврши на последното место, МЗТ Скопје во следната сезона ќе може да игра само во втората АБА лига каде ќе има место за уште еден македонски тим.

Македонија следната сезона ќе нема претставник во најсилната регионална кошаркарска лига. МЗТ Скопје го чекаше исходот од собранието на клубовите во АБА лигата, но тоа не донесе поволен резултат за нашите тимови.
 
МЗТ Скопје ќе може да настапува само во втората АБА лига и од таму да се бори за враќање меѓу најдобрите. Македонија ќе може да има уште еден тим во втората лига.
 
Македонскиот шампион се надеваше на проширување на лигата од 12 на 14 екипи, но одлучено е да нема промени за следната сезона со што се срушија сите надежи на МЗТ Скопје за опстанок.
 
Планот е првата АБА лига да биде натпреварувањето каде ќе играат најквалитетните екипи од регионот и ниту една држава нема да има загарантиран учесник. А во втората лига секоја земја ќе има по два претставника, победникот на лигата ќе биде промовиран во елитата од каде ќе испадне последниот.
 
Во следната сезона во првата АБА лига ќе играат Црвена звезда, Партизан, Мега Бемакс и ФМП од Србија, Цедевита, Цибона и Задар од Хрватска, Будуќност и Морнар од Црна Гора, Олимпија од Словенија, Игокеа од Босна и Херцеговина како и шампионот од втората лига.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе