МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го задржа одличниот Американец, Олуџоби

МЗТ Скопје потпиша нов договор со 24-годиишниот американски кошаркар, Феми Олуџоби. 

Фото: МЗТ Скопје
Тимот од Аеродром продолжува да го составува тимот за следната сезона, Олуџоби кој не одигра многу, но имаше импресивни изданија останува во тимот.
 
Американецот Феми Олуџоби (24 год, 206 см) и во следиот период ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со нашиот тим, со можност тој да биде продолжен за уште една сезона.
 
Станува збор за извонреден крилен центар, кој во Аеродром дојде во февруари годинава и за нецел месец, до прекинот поради пандемијата со коронавирусот, успеа да го освои срцата како на луѓето во клубот и соиграчите, така и на нашите навивачи. Олуџоби настапи на три средби во АБА2-лигата со просек од 16 поени и осум скока, како и на два меча во Првата лига во кои просечно реализираше 16,5 поени и пет скока. Пред да дојде во „Јане Сандански“, тој неколку месеци одигра во Литванија и тоа за екипата на Лиеткабелис, а претходно, во американската НЦАА-лига, настапуваше за Оукленд колеџот, АиТ универзитетот од Северна Каролина и за универзитетот Депол.
 
Тој е седми сигурен кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов за новата сезона, откако претходно беа обновени договорите со капитенот Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко, беа ангажирани Филип Бакоч и Адем Мекиќ, додека од минатата сезона договорни обврски имаат уште и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Легенда под Главна слика

Фото: МЗТ Скопје

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе