Победа од 25 поени разлика во „Градски парк“

МЗТ Скопје го растури Работнички во вечното дерби

МЗТ Скопје го понижи градскиот ривал Работнички и тоа на негов терен, во салата „Градски парк“ победувајќи го со 25 поени разлика, 93:68. 

МЗТ Скопје уште во првите минути од мечот покажа дека во моментов е значително поквалитетен од Работнички, на стартот поведе со 12-4, но Центарци намалија и со само еден негатива го завршија првиот период.
 
Но, во втората и третата четвртина МЗТ Скопје буквално си поигра со својот ривал, дојде и до највисоки 30 поени разлика, а потоа само рутински го приведе мечот за конечна победа од 93:68.
 
Џабари Хиндс со 22 поени беше најефикасниот во составот на МЗТ Скопје, 18 поени реализираше Харис, а двоцифрен беше и Маслинко со 13 поени, капитенот Дамјан Стојановски постигна девет поени но имаше дури четири украдени топки. Кај Работнички Лескот постигна 25 поени.
 
По седум одиграни кола МЗТ Скопје и Гостивар имаат изедначен скор со шест победи и еден пораз, Работнички е на петтото место со четири победи и три порази.
 
Фото: МКФ

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе