АБА 2 лига

МЗТ Скопје го растури Ловќен, победа од 41 разлика

МЗТ Скопје славеше неочекувано убедлив триумф во втората АБА лига победувајќи иго тимот на Ловќен од Цетиње со 96:55. 

Македонскиот тим тргна фуризоно уште од самиот старт на мечот, првата четвртина МЗТ Скопје ја доби со 24:11, одбраната функционираше одлично. На полувремето Аеродромци водеа со 49:31.
 
Во вториот дел не само што ја одржаваа, туку кошаркарите на МЗТ Скопје продолжија да ја зголемуваат предноста за на крајот да слават со 96:55.
 
Најдобар беше Дамјан Стојановски со 15 поени, по 13 реализираа Крстевски и Гравет. Во тимот на Ловќен двоцифрен беше само Ѓукановиќ со 12 поени.
 
„И јас сум изненаден од нашата игра. Ова е само втор натпревар на кој играме вака добра одбрана откако сум тренер, а првиот беше во финалето од плеј-офот против Работнички пред две години. Пофалби за моите кошаркари кои одиграа храбро, агресивно и тоа беше клучот за триумфот“, вели тренерот Кочов.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе