МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го промовираше Александар Петровиќ за нов тренер

МЗТ Скопје денеска на прес-конференција го промовираше новиот тренер, повратникот Александар Петровиќ, тој доаѓа на местото од Дарко Радуловиќ кој доби отказ по неуспехот во Купот на Македонија.

Фото: МЗТ Скопје
Петровиќ со МЗТ Скопје потпиша договор на година и пол. Тој седеше на клупата на тимот од Аеродром во периодот од 2001 до 2007, а потоа и помеѓу 2009 и 2011.
 
Целите на Александар Петровиќ со МЗТ Скопје се одбрана на шампионската титула и враќање во АБА 1 лигата.
 
„Се враќам на добро познато место, во најдобро организираниот тим во Македонија каков што е МЗТ Скопје повеќе години наназад. Дојдов да дадам сѐ од себе за да ја одбраниме титулата и да се обидеме да го вратиме клубот таму каде што му е и местото – во АБА1-лигата. Нема да биде лесно, но ќе сторам сѐ да го извадам максимумот од тимот што ми е на располагање. Да бев од почетокот на сезоната, сигурно поинаку ќе беше селектиран составот, особено во делот на подмладувањето, со оглед што сега на располагање имам поголем број кошаркари длабоко навлезени во четвртата деценија. Ова не е барање алиби, туку факт. Јас сум подготвен врз себе да го земам сиот притисок кој е вообичаен во МЗТ и да ги ослободам играчите да играат онака како што знаат без да размислуваат на други работи. Време за големи промени немам, ќе гледам само да ја упростам играта и да ја зацврстам одбраната. И пред сѐ да внесам позитивна енергија, која и тоа како ќе ни биде потребна“, вели Петровиќ.
 
„Се соочив со проблеми кои не ги очекував, а тоа е отсуството на повредени играчи. Овој тим нема тренирано комплетно цела сезона и тоа сигурно се одразува врз формата и резултатите. Но, со заедничка работа ќе го надминеме и тоа. На играчите им кажав дека не сум тука за да ги учам кошарка, тие се доволно искусни и квалитетни и сигурен сум дека со заеднички сили ќе дојдеме до тоа што сите го посакуваме“.
 
„Сега ќе бидеме фокусирани на остварување добри резултати, но потоа дефинитивно ќе поработиме на подмладувањето. Пријатно сум изненаден од тројцата младинци кои ги имаме во тимот, а кои со својот талент заслужуваат шанса. На пример, Бојан Величковски има само 15 години, а веќе покажува завиден квалитет и со него сигурно ќе мора да се работи сериозно, бидејќи може многу да напредува. Истото се однесува и на Димитар Иванов и на Марко Спасовски, кои имаат по 18 години и кои се фантастично градени за да прераснаст во врвни кошаркари. Тие се иднината на МЗТ, секако со квалитетна работа и правилно насочување“.
 
Петровиќ своето деби ќе го има во недела против вечниот ривал Работнички.
 
„Ова можеби е прв меч во мојот нов мандат, но далеку е од мое деби во вечното дерби, со оглед што низ годините имам собрано повеќе од 30 вакви натпревари. Добро ни се познати проблемите на противникот, кој минува низ работи на кои јас бев навикнат во минатите периоди во МЗТ. Ова се средби во кои играчкиот ростер не игра улога и во кои најважна е моменталната мотивација и самодоверба. Знаеме дека ќе имаат тројца нови странци, но тоа не е причина за некаков страв. Влегуваме како фаворити и верувам дека ќе ја оправдаме таа улога“

Легенда под Главна слика

Фото: МЗТ Скопје

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе