МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го продолжи договорот со Николов

Македонскиот репрезентативец, Кристијан Николов и следната сезона ќе игра за МЗТ Скопје откако стави потпис на нов договор. 

МЗТ Скопје соопшти дека ја продолжува соработката со Николов за уште една сезона.
 
„Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов (23 год, 188 см) и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со нашиот клуб.
 
Станува збор за плејмејкер, кој со 18 години дебитира во Евролигата како играч на Галатасарај, а претходно, со 15 години, осум месеци и девет дена настапи во дресот на Македонија на средба против Русија во 2012 година со што влезе во историјата како најмлад репрезентативец. Тој ги одигра сите 17 средби на нашиот тим во Првата лига минатата сезона и тоа со просек од 7,2 поени, 2,3 скока и 2,9 асистенции, додека настапи и на 21 средба во АБА2-лигата со просечна минутажа од околу десет минути.
 
Николов е седмиот македонски репрезентативец кој ќе му биде на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов во сезоната која доаѓа, со оглед на претходно потпишаните соработки со Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Адем Мекиќ и Филип Бакоч. На списокот играчи се и тројца странци и тоа Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, како и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе