И следната сезона ќе се бори за враќање во јадранската елита

МЗТ Скопје го потврди учеството АБА 2

МЗТ Скопје и следната сезона ќе се бори за влез во најдобрата АБА лига откако раководството го потврди учеството во втората јадранска лига.

МЗТ Скопје минатата сезона во баражот против Задар пропушти голема шанса за враќање во најквалитетната АБА лига, но ќе се обиде повторно.
 
Клубот ја прифати поканата за настап во АБА 2 која му следува на шампионот на Македонија.
 
„Ова ќе биде наша втора сезона во ова натпреварување, во која ќе дадеме сѐ од себе да отидеме еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би нѐ вратило во јадранската елита. Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во нашиот состав“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
 
И оваа година покана има и Работнички кој има уште десет дена да одлучи дали ќе прифати да игра во АБА 2.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе