Прва лига

МЗТ Скопје го доби дербито со Работнички и ја осигура втората позиција

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје славеше во пресметката со градскиот ривал Работнички, „Штрковите" го добија вечното дерби со 80-76

Во интересен и возбудлив натпревар, МЗТ Скопје не дозволи Работнички трет пат во серија да триумфира во меѓусебните пресметки оваа сезона. Со одличен финиш, „Штрковите“ забележаа победа од 80-76 и ја осигураа втората позиција на табелата.

Гостите добро го започнаа натпреварот, и поведоа со 4-10, но МЗТ брзо се врати во игра и првата четвртина ја реши во своја корист со 24-22. Избраниците на Кочов ја одржува предноста во вторите 10 минути, за на пауза да се замине со +4 (47-43).

Слично беше и во третата четвртина, МЗТ го имаше водството но „Штрковите“ никако не успеваа да се одлепат и во завршните 10 минути влегоа со три поени позитива (60-57).

Работнички прв зададе удар и со серија од 2-8, „центарци“ поведоа со 65-68, но МЗТ Скопје не потклекна, врати со 9-0 и практично тука беше решен победникот. Конечниот резултат гласеше 80-76.

Крафорд со 16 поени и 10 асистенции беше прв играч на МЗТ Скопје, а двоцифрени уште беа и Трајковски со 12, Симоновски со 11 и Дамјан Стојановски со 10 поени.

Во редвоите на Работнички најдобар поединец беше Костов со 29 поени, Еванс постигна 12, а Робинсон 11 поени.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе