Втора АБА лига

МЗТ Скопје доживеа тежок пораз на гостувањето кај лидерот Борац

Во дербито на 15. коло во Втората АБА лига, МЗТ Скопје убедливо беше поразен на гостувањето во Чачак, Борац славеше со 95-73 и се зацврсти на врвот на табелата.

Шампионот на Македонија имаше прилика да се изедначи со Борац на врвот на табелата доколку победеше вечерва, но избраниците на Кочов не беа достоен противник на лидерот во Втората АБА лига и доживеаја тежок пораз.

МЗТ Скопје го отвори мечот со 0-4, но во следните пет минути реализираа само два поени а прими дури 17, па домаќините првата четвртина ја добија со 23-11 и веќе тука направија клучна предност.

„Штрковите“ тешко фаќаа приклучок, во третата четвртина Борац наметна темпо кое МЗТ Скопје не можеше да го следи и домаќините стигнаа до високи 79-54 на крајот од овој период. Последните десет минути беа само рутина за конечни 95-73.

Ѓоковиќ со 25 поени беше прв играч на натпреварот, а уште четири играчи на Борац имаа двоцифрен учинок. Милошевиќ беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје со 15 поени, Хиндс постигна 13 а Морнар забележа 11 поени.

Борац сега останува прв на табелата со 13 победи по 15 кола додека пак МЗТ Скопје е втор со 11 победи.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе