Втора АБА лига

МЗТ повторно го освои Сараево, „штрковите“ со пет од пет против Спарс

МЗТ Скопје триумфираше на гостувањето во Босна и Херцеговина во 2. коло од втората АБА лига, вечерва „штрковите" триумфираа над Спарс со 65-77.

Два од два за шампионот на Македонија на стартот од новата сезона во втората АБА Лига. МЗТ Скопје вечерва ја оправда фавористката улога и одново го освои Сараево, „штрковите“ го совладаа Спарс со 65-77 и ја забележаа победата број 5 во пресметките со клубот од БиХ. 

Мечот почна со водство на МЗТ, но Спарс брзо ја превзеде резултатската иницијатива и се одлепи на +9 (16-7). Гостите не дозволија противникот рано да се одлепи, па со добра завршница на првите 10 минути, се изборија за 20-16. 

Спарс го диктираа темпото во најголемиот дел од вториот период, но МЗТ одново го надигра противникот во финишот и на пауза се замина со минимална предност на домаќините 35-34. 

Во третата четвртина, резултатот беше тесен се до три минути пред крајот на овој период. Потоа на паркетот имаше доминација на МЗТ која резултираше со позитива од пет поени (52-57). 

Во последните 10 минути, „штрковите“ беа тие кои доминираа, лесно се справуваа со пртивникот и само ја зголемуваа предноста за на крајот да слават со високи 12 поени предност. 

Хиндс беше прв играч на МЗТ Скопје со 23 поени, Стојановски реализираше 12 поени, а двоцифрен беше и Омот со 10 поени.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе