„ШТРКОВИТЕ“ ЌЕ ИМААТ ДВЕ „МЕЧ ТОПКИ“

МЗТ поведе со 2-1, „Штрковите“ на чекор до нова титула

МЗТ Скопје одново славеше пред своите фанови и со 2-1 поведе во финалната серија против Карпош Соколи

„Штрковите“ ја искористија предноста на домашен терен за да стигнат до победа од 86-80 над Карпош Соколи.

Со овој триумф, МЗТ Скопје поведе со 2-1 во финалната серија, и сега е на чекор до нова титула.

Домаќините одлично го започнаа натпреварот, првата четвртина ја добија со 21-16, а на пауза заминаа со +10 (44-34).

МЗТ Скопје убавата предноста ја одржуваше и во третата четвртина, но во завршните 10 минути дојде до мал пад во играта, па Карпош Соколи дојде на само -3 во финишот.

Сепак, „Штрковите“ останаа смирени во последната минута, и на крајот славеа со 86-80.

Прв стрелец кај МЗТ беше Темес со 22 поени, Клоф постигна 21 поен, а Дреновац 20.

Пери со 24 поени беше најдобар поединец кај Карпош Соколи, а Марва забележа 20.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе