По поразот од Работнички во вечното дерби

МЗТ ја прифати оставката на Тодоров, „Штрковите“ бараат нов тренер

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје ја прифати оставката на тренерот Александар Тодоров, „Штрковите" почнуваат потрага по нов кормилар

МЗТ Скопје игра очајно во АБА лигата, а не блеска ниту во домашното првенство.

Па по поразот под Работнички на домашен терен во вечното дерби, Александар Тодоров ја информирал управата на клубот дека поради морални причини си поднесува оставка.

Првите луѓе на клубот и стратегот имале долг разговор за излез од кризата, но откако Тодоров останал цврсто на својата одлука, тие ја прифатиле оставката и му се заблагодариле за досегашниот придонес.

„Штрковите“ исто така најавија дека веќе е започната потрага на нов кормилар и најавија дека во скоро време ќе именуваат наслендик на Александар Тодоров. Низ медиумите се споменува името на селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе