МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ГО ДОБИ ЧЕТВРТИОТ ТРЕНЕР ОВАА СЕЗОНА

МЗТ ја потврди оставката на Митев, Јончевски нов тренер

МЗТ Скопје потврди дека Боби Митев повеќе не е тренер на првиот тим, во наредниот период македонскиот шампион ќе биде предводен од Александар Јончевски.

По синоќешниот убедлив пораз од Будуќност, Боби Митев поднесе оставка до раководството на клубот, кое сега преку официјално соопштение ја потврди разделбата со третиот тренер оваа сезона.
 
Клубот информира дека кормилото сега ќе го превземе Александар Јончевски кој веќе четири години е дел од стручниот штаб на МЗТ Скопје.
 
„КК МЗТ Скопје Аеродром информира дека е прифатена понудената оставка на тренерот Боби Митев и тој веќе нема да го предводи македонскиот кошаркарски шампион. МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на тренерот Митев за вложениот труд во периодот додека беше помошен и прв тренер на тимот, и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Во наредниот период тимот ќе биде предводен од Александар Јончевски" - стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе