Втора АБА лига

МЗТ го потврди настапот во плеј-офот со лесна победа над Рогашка

„Штрковите" ќе бидат дел од разигрувањето во втората АБА лига откако вечерва со 84-70 забележаа лесна победа во дуелот со Рогашка.

МЗТ Скопје го потврди настапот во плеј-офот на две кола пред крајот на регуларниот дел во втората АБА лига. „Штрковите“ вечерва на домашен терен триумфираа против Рогашка со 84-70.

Тимот од „Јане Сандаски“ беше претпазлив на отворањето на мечот па гостите го искористија тоа и ја решија првата четвртина во своја корист со 16-19.

Но МЗТ Скопје го крена темпото на игра во продолжението, брзо дојде во позитива и на пауза замина со двоцифрена предност (40-28). „Штрковите“ диктираа темпо и во третата четвртина, во која целосно го надиграа противникот и овој период го добија со 26-9 за убедлива предност од 26 поени во пресрет на завршните 10 минути.

Кога се беше јасно кој ќе слави вечерва, домаќините малку се опуштија па конечниот резултат на семафорот гласеше 84-70.

Бојиќ со 17 поени беше прв стрелец во редовите на МЗТ, Медфорд и Иванов реализираа по 14 поени, Вудард придодаде 13 а Самарџиски средбата ја заврши со 10 поени.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов во преостанатите два меча ќе се обидат да забележат две победи (против Сутјеска и Спарс) кои ќе им го донесат второто место на табелата а со тоа и предност на домашен терен во полуфиналето.

 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе