Тимот од Аеродром донесе искусен тренер

МЗТ експресно најде замена за Тодоров, Лукајиќ ќе ги вади „Штрковите“ од криза

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје најде замена за тренерот Александар Тодоров на жешкото столче во „Јане Сандански" седнува српскиот стратег Жељко Лукајиќ

Александар Тодоров си поднесе оставка поради морални причини откако МЗТ Скопје во средата пред своите фанови загубија од лутиот градски ривал Работнички, па управата почна потрага на нов кормилар.

Изборот падна на Жељко Лукајиќ, искусниот стратег од Србија ќе треба да го вади шампионот на Македонија од криза.

„Штрковите“ играат очајно, во АБА лигата се на дното со само две победи и дури осум порази, а под очекувањата се и резултатите во домашното првенство каде тимот од Аеродром има три порази по осум кола.

Поранешниот предводник на Партизан, Хемофарм, Лукоил Академик и Игокеа, попладнево ги завршил сите формалности околу потпишување договор и утре ќе пристигне во Скопје. Соработката е до крајот на сезоната со можност истата да се продолжи за уште една година.

Србинот важи за тренер со цврста рака, чиј ангажман треба да делува како позитивен шок кај кошаркарите. Искусниот стратег ќе нема многу време за аклиматизација со оглед што веќе задутре МЗТ Скопје го очекува најважниот меч досега во АБА-лигата, на домашен терен против Морнар.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе