Втора АБА лига

МЗТ до уште една домашна победа, Сутјеска настрада во „Јане Сандански“

МЗТ Скопје ја забележа седмата победа во втората АБА лига, вечерва пред своите фанови со високи 94-73 славеше над Сутјеска.

„Штрковите“ стигнаа до уште една домашна победа, во последниот натпревар оваа година во „Јане Сандански“, забелжаа убедлив триумф над Сутјеска.

Гостите пружија отпор само во првата четвртина, која ја решија во своја корист со 20-21. Но во продолжението од мечот, МЗТ Скопје беше тој кој диктираше темпо.

На пауза се замина со предност од шест поени (46-40), за позитивата да се искачи на +10 на крајот од третиот перод. Избраниците на Кочов не се задоволија со ова водство, па продолжија да го полнат кошот на противникот за убедлива победа од 94-73.

Бојиќ со 26 поени беше прв стрелец во редовите на „Штрковите“ а одлична партија имаше и Иванов со 21 поен. Двоцифрен поентерски ефект имаа и Стојановски и Вудард со по 11 поени.

Пред МЗТ сега се три гостувања во низа, најпрво против Спарс во Сараево, потоа против словенички Хелиос и Борац од Чачак. Доколку вицешампионот на Македонија сака да се наметне како сериозен кандидат за влез во првата АБА лига, ќе мора да почне да победува и надвор од Скопје.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе