Прва лига

Мулалиќ со тројка од девет метри му донесе победа на Работнички над МЗТ Скопје

Работнички го победи МЗТ Скопје во Аеродром со 75-74 во меч со драматичен финиш во кој херој беше словенечккиот кошаркар Мирко Мулалиќ кој постигна тројка од голема далечина. 

Фото: КФСМ
МЗТ Скопје добро го почна мечот кој се играше во малата сала во „Јане Сандански“, по нецели осум минути имаа предност од 18-9. По 14 минути игра имаа и двоцифрена разлика, 30-19. Но потоа следуваше период на Работнички кој се врати и со само еден негатива замина на одморот, беше 41-40 за металците.
 
Брзо во вториот дел Работнички го сврте мечот, дојде до водство и во последниот период влезе со предност од 64-60. Сепак МЗТ Скопје во последните десет минути ја крена играта и дојде до водство од 71-66 кое не успеа да го задржи. 
 
При водство на МЗТ Скопје од 74-72, словенечкиот кошаркар Мирко Мулалиќ постигна тројка од девет метри која му донесе водство на Работнички од еден поен разлика. МЗТ Скопје до крајот имаше цел напад, но не го организираа како што треба и на крајот центарци се радуваа на триумфот.
 
Најдобри во Работнички беа Мулалиќ и Бундовиќ со по 16 поени, Тортон реализираше 14, во составот на МЗТ Скопје, Мекиќ беше најефикасен со 18 поени, Крстевски и Гравет постигнаа по 15.
 

Легенда под Главна слика

Фото: КФСМ

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе