„Драга кошарко“

Моќната поема на Коби Брајант што доби Оскар за најдобар краток анимиран филм во 2018 (ВИДЕО)

Во 2015 година за време на последната своја сезона во НБА, Коби Брајант напиша поема „Драга кошарко“, со која се збогуваше од играта во која е една од најголемите легенди. 

За поемата на Коби беше направен и краток анимиран филм, кој доби Оскар во 2018 година.
 
Ова се моќните зборови на Коби од кои ќе се наежите:
 
 
Драга кошарко, 
 
Од моментот кога почнав да ги мотам чорапите на татко ми во топчиња и да шутирам замислени победнички шутеви, знаев само една работа, се заљубив во тебе. Љубовта е толку длабока што ти дадов сѐ од себе. Од мојот ум и тело до мојот дух и душа.
 
Како шестгодишно момче, длабоко заљубено во тебе, никогаш не го гледав крајот од тунелот. Единствено се гледав само како трчам низ него. Играв низ пот и болка. Не затоа што предизвикот ми велеше да го правам тоа. Затоа што Ти ме повикуваше. Направив сѐ за тебе. Бидејќи тоа го правите кога некој ве прави да сте живи. Како што ме правеше ти.
 
Му го даде на едно шестгодишно момче неговиот сон во Лејкерси и секогаш ќе те сакам поради тоа. Но не можам уште долго да те сакам така опсесивно. Можам само да ти ја дадам уште оваа сезона. Моето срце може уште да чука, мојот ум може да поднесе болка, но моето тело знае дека е време за збогум.
 
И тоа е во ред. Подготвен сум да те пуштам да заминеш, и сакам да го знаеш тоа, за да можеме заедно да уживаме во секој момент заедно кој ни остана. Во добро и во лошо си дадовме сѐ што имаме.
 
И двајцата знаеме дека без разлика што ќе правам следно, јас секогаш ќе бидам тоа дете што ги виткаше чорапите на татко си и целеше на кантата во ќошот одбројувајќи ги последните пет секунди до крајот со топката во моите раце. 5... 4... 3... 2... 1. 
 
Засекогаш ќе те сакам
Коби

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе