Соопштение на МКФ

МКФ: Не баравме суспензија да го саботираме развојот на Димитријевиќ, туку за јавноста да го види неговиот однос кон националниот дрес

Македонската кошаркарска федерација преку соопштение ја информира јавноста за случајот со Ненад Димитријевиќ за кога побараа суспензија од ФИБА поради одбивање да игра за репрезентацијата.

МКФ од ФИБА побара суспензија за Ненад Димитријевиќ откако младиот кошаркар на Хувентуд неколку пати го одби повикот на селекторот Никола Василев. 
 
МКФ сега преку соопштение ја информира јавноста за случајот, и потврди дека не се согласува со ФИБА за должината на суспензијата. Тие му изрекоа суспензија од 10 дена, а максималната можна казна е 30 дена.
 
Соопштението на МКФ ви го пренесуваме во целост:
 
„Македонската кошаркарска федерација поднесе барање за суспензија на играчот Димитријевиќ Ненад по одлуката на Дисциплинската комисија донесена по пријавата на селекторот Никола Василев до меѓународната кошаркарска федерација, ФИБА, знаејќи дека максималната казна која ФИБА може да ја изрече во ваков случај е 30 дена суспензија од терените.
Ставовите на МКФ и на ФИБА по овој случај се различни, но МКФ е должна истите да ги почитува.
 
Барањето за суспензија не беше поднесено со намера да се саботира развојот на кариерата на младиот играч туку да се запознае целокупната јавност, кошаркарските работници и неговите колеги за неговиот однос кон националниот дрес - истиот национален дрес кој во изминатите години низ младинските категории му овозможи да напредува во кариерата.
 
Гореспоменатиот играч наместо да ја искаже љубовта, моралот и желбата за настап во националниот дрес, тој во неколку наврати си поигрува со повиците на селекторите со тоа создавајќи незадоволство кај играчите и кај стручниот штаб.
 
Такви односи кон националниот дрес и кон државата не се ниту позитивни ниту пак потребни во националните селекции во моменти кога МКФ прави напори за враќање на наши таленти кои немаат македонско државјанство, а имаат желба и копнеж да играат за Македонија.
 
Македонската кошаркарска федерација се надева дека во иднина повеќе нема да има случаи на одбивање на бранење на националните бои кои за сите треба да бидат гордост, предизвик и нешто свето, а не обврска и товар.
 
Раководството на федерацијата во целост ја поддржува пријавата на селекторот и го разбира неговото незадоволство од ненавременото и неоправданото откажување на играчот и воедно во целост ја поддржува самостојната одлука на Дисциплинската комисија“.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе