17-годишниот Митревски, кој е член на Феникс 2010, но игра како позајмен во прволигашот ТФТ, доби повик од селекторот Тодоров за претстојните мечеви во квалификациите.
Андреј Митревски е возбуден поради шансата и ветува дека ќе даде сѐ од себе за да се докаже и да ѝ помогне на репрезентацијата.
„Повикот во репрезентацијата го гледам како голем поттик за понатаму. Фактот дека за прв пат треба да бидам дел од оваа селекција значи многу за мене. Тоа ми е уште поголем мотив да работам напорно во животот“, вели Митревски.
„Нормално е дека сум подготвен, оваа шанса не ја добива секој, и не се добива секогаш. И затоа и морам да ја искористам“.
„Го одработуваме првиот тренинг и навистина сум многу сум возбуден. Искрено се надевам дека ќе дадам сѐ од себе на тренинзите, па ќе видиме што ќе направиме понатаму“.