Европско првенство за играчи до 16 години

Минимален пораз за Македонија против фаворитот Шпанија на отварањето на Европското првенство

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години со пораз го започна настапот на Европското првенство во Удине, попладнево минимално загубивме од Шпанија со 57-61.

Кадетите на Македонија се прикажаа во добро издание во воведниот натпревар на Европското првенство за играчи до 16 години. Избраниците на Денис Дервишевиќ минимално загубија од Шпанија.

Противникот ги доби првите три четвртини, и имаше довицифрена предност на стартот од решавачките 10 минути, но „црвено-жолтите“ не се предадоа и се обидоа да му ги поматат сметките на фаворитот.

Со серија од 9-0, Македонија се доближи на 56-57 на 100 секунди до крајот. Но немавме сили за пресврт, промашивме шут за три, едно слободно фрлање а имавме и една загубена топка, па Шпанија се извлече и славеше со 57-61.

Андреј Митревски со 18 поени беше прв стрелец во нашата репрезентација, а Теодор Симиќ беше на чекор до дабл-дабл учинок со 11 поени и 9 скокови.

Македонија веќе утре ја чека нов натпревар, силите ќе ги одмериме со Израел а мечот започнува во 14:15 часот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе