НБА

Милвоки подобар од Далас, Адетокумбо го доби дуелот со Дончиќ (ВИДЕО)

Милвоки со 112:109 ја доби пресметката против Далас, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ беа најдобри во своите тимови но на крајот грчкиот кошаркар се радуваше на победата. 

Милвоки и Далас одиграа неизвесен меч кој на крајот го добија домаќините. Тие водеа во најаголемиот дел од натпреварот, но не успеваа да се одлепат. Далас во финишот го сврте резултатот и поведе со 105-103, но последните минути од дуелот му припаднаа на Милвоки за конечни 112:109.
 
Адетокумбо натпреварот го заврши со 31 поен и девет скока, Дончиќ имаше 28 поени, 13 асистенции и девет скока, му недостасуваше само уште еден скок за трипл-дабл учинок.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Орландо 124:97
Кливленд - Њујорк 106:103
Милвоки - Далас 112:109
Оклахома - Чикаго 127:125
Јута - Атланта 116:92
ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 112:95
Сакраменто - ЛА Клиперс 100:138

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе