НБА

Милвоки го исфрли Мајами и прв стигна до конференциско полуфинале (ВИДЕО)

Милвоки со 120-103 го победи Мајами и со перфектни 4-0 го елиминираше актуелниот вицешампион во НБА. 

Милвоки прв се пласира во конференциско полуфинале откако со убедливи 4-0 го победи Мајами. На синоќешниот меч славеа со 120-103. Адетокумбо имаше трипл-дабл со 20 поени, 15 асистенции и 12 скокови, но повеќе поени од него посотигнаа Лопез 25 и Форбс 22. Најефикасен кај Мајами беше Адебајо кој имаше 20 поени и 14 скокови.
 
 
Денвер и Јокиќ беа поразени кај Портланд, серијата сега е 2-2. Синоќешниот меч заврши со победа на домаќинот од 115-95. Србинот постигна 16 поени, имаше и девет скокови и со овој учинок беше најдобар во својот тим. Кај Портланд, Пауел постигна 29 поени, Мекалум 21, Нуркиќ 17.
 
 
Филаделфија поведе со 3-0 против Вашингтон откако синоќа на негов терен го победи со убедливи 132:103. Ембид имаше фантастична партија со 36 поени, кај Вашингтон најдобар беше Вестбрук кој реализираше трипл-дабл, имаше 26 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
 
 
Гостинска победа забележа и Јута каја Мемфис со 121-111. Тие поведоа со 2-1 во серијата. Мичел со 29 поени беше најефикасен во составот на Јута, за Мемфис Морант постигна 28.
 
 
Резултати:
 
Мајами - Милвоки 103:120 (0-4)
Портланд - Денвер 115:95 (2-2)
Вашингтон - Филаделфија 103:132 (0-3)
Мемфис - Јута 111:121 (1-2)

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе