НБА

Милвоки без Адетокумбо загуби од Денвер (ВИДЕО)

Милвоки без својата главна ѕвезда во тимот, Јанис Адетокумбо доживеа пораз на гостувањето кај Денвер со 109:95. 

Денвер имаше моќен старт на мечот, во првата четвртина постигна дури 39 поени, направи предност која ја одржуваше во текот на целиот меч.
 
Интересно во третата четвртина беа постигнати само 31 поен. Денвер 14, а Милвоки 17 поени. Гостите цело време ја бркаа негативата, но најмногу успеаа да стигнат до -2. На крајот Денвер победи со 109:95.
 
Мареј со 21 поен беше најефикасен кај Денвер, Милсап постигна 20, Јокиќ даде скромни за него 10 поени. Во отсуство на Адетокумбо, најдобар кај Милвоки беше Корвер со 23 поени.
 
 
Резултати:
 
Аталанта - Шарлот 143:138
Денвер - Милвоки 109:95
Јута - Торонто 92:101

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе