НБА

Мидлтон и Адетокумбо го урнаа Бруклин, втора победа на Јута над Клиперс (ВИДЕО)

Милвоки намали на 2-1 во серијата против Бруклин откако во меч со малку поени победија со 86-83, Јута со 117-111 го совлада Клиперс и го зголеми водството на 2-0. 

Милвоки постигна 86 поени но и тие беа доволни за да се победи Бруклин, интересно дури 68 од тие поени беа дело на двајца кошаркари, Мидлтон и Адетокумбо.
 
Најефикасен беше Мидлтон кој постигна 35 поени, имаше и 15 скокови, Адетокумбо реализираше 33 поени, имаше и 14 скокови. Најефикасен кај Бруклин беше Дурент со 30 поени, запиша и 11 скокови.
 
 
Јута забелеша нова победа во дуелот со Лос Анџелес Клиперс, овој пат од 117-111. Мичел беше најдобар со 37 поени, кај Клиперс, Џексон постигна 29.
 
 
Резултати:
 
Милвоки - Бруклин 86:83 (1-2)
Јута - ЛА Клиперс 117:111 (2-0)

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе