Срмни сцени на кошаркарски меч

Местенка во Русија каква што ретко се гледа, седум минути без да се постигне кош! (ВИДЕО)

Срамни сцени на кошаркарскиот натпревар помеѓу Арсенал Тула и Динамо Ставропол, домаќините седум минути не поентираа за да не се надмине границата која беше поставена од обложувалниците.

Во Русија се случи местенка каква што ретко се гледа. Во втората кошаркарска лига, на мечот помеѓу Арсенал Тула и Динамо Ставропол, домаќините не постигнаа ниту еден поен дури седум минути.

При резултат 82-56, кошаркарите на Арсенал Тула практично престанаа да играат, додека пак гостите за нијанса беа подобри и постигнаа девет поени. Никој од редовите на домаќините не се обидуваше да поентира, топката бесконечно се додаваше, намерно се грешеше и сето тоа за да не се надмине границата која била поставена од обложувалниците.

Федерацијата веднаш реагираше, Арсенал Тула е исфрлен од натпреварувањето бидејќи по втор пат во неколку години ги прекршува правилата за фер-плеј. Неколку кошаркари се суспендирани до крајот на сезоната а тренерот на домаќините помина најлошо и ќе биде суспендиран до 2022.

На социјалните мреже има и видео од завршните мигови од кое се гледа дека нешто чудно се случува. Гостите погодија само еден шут за три со кои го донесоа резултатот до конечни 87-65.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе