НБА

Мемфис победи со звукот на сирената, Лејкерс сигурен против Шарлот (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис по едно продолжение и со звукот на сирената го победи Бруклин со 134:133, Лос Анџелес Лејкерс ја забележа втората победа откако го совлада Шарлот со 120:101.  

Мемфис Гризлис и Бруклин Нетс одиграа интересен натпревар кој имаше исклучително возбудлив финиш.
 
Во текот на натпреварот и двете екипи се менуваа во водството, а мечот во регуларниот дел заврши 120:120. Во продолженијата Кроудер ја донесе победата со шут буквално во последниот момент од мечот.
 
Младиот Морант имаше фантастична партија постигнувајќи 30 поени во домашниот тим, најефикасен на натпреварот беше Ирвинг со 33 поени.
 
 
Лејкерс предводени од дуото Ентони Дејвис - Леброн Џејмс дојдоа до очекуваниот триумф над Шарлот, победија убедливо со 120:101.
 
Ентони Дејвис постигна 29 поени, имаше и 14 скокови, Леброн Џејмс реализираше 20 поени додавајќи и 12 асистенции.
 
 
Далас во неизвесен натпревар загубија од Портланд со 121:119. Мекалум беше јунакот на гостите со 35 поени. Во составот на Далас Порзингис постигна 32 поени, а Дончиќ беше блиску до трипл-дабл, имаше 29 поени, 12 скока и девет асистенции.
 
 
Резултати:
 
Оклахома - Голден стејт 120:92
Мемфис - Бруклин 134:133
Далас - Портланд 113:121
Минесота - Мајами 116:109
Ла Лејкерс - Шарлот 120:101

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе