Евробаскет 2022

Марканен ја елиминираше Хрватска, Финска оди во четвртфинале

На крилјата на својата НБА ѕвезда, Лаури Марканен, Финска ја победи Хрватска со 94-86 и се пласира во четвртфиналето на Евробаскетот. 

Хрватите беа благ фаворит во овој натпревар, но не успеаа да го најдат лекот за Марканен и ги пакуваат куферите уште во осминафиналето.
 
Натпреварот во најголемиот тек беше изедначен, двете репрезентации се менуваа во водство, но кога најмногу требаше, во финишот од мечот Финска се одлепи, дојде и на плус десет поени и тука беше јасно кој ќе биде победникот. Конечниот резултат беше 84-86.
 
Брилијантен беше Марканен, имаше дури 43 поени и девет скока, Салин постигна 17, а Максуни 16. Во составот на Хрватска, Богдан Богдановиќ со 23 поени беше најдобар, Смит постигна 17.
 
Финска во четвртфиналето ќе игра против селекцијата на Шпанија која синоќа ја совлада Литванија.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе