Играчите на Торонто и публиката не можеа да поверуваат што се случи

„Марч меднес“ во НБА, неверојатниот кош од половина терен на Лемб сигурно ќе биде потег на годината (ВИДЕО)

Шарлот останува во трката за плеј-оф откако утрово на чуден начин го победи Торонто со 114-115, Џереми Лемб преку играч погоди од половина терен со звукот на сирената.

Овој период од годината на програмата е традициналниот „марч меднес“ и финишот на колеџ кошарката (НЦАА), но утрово имаше лудило и во НБА.

Шарлот гостуваше во Торонто и на „хорнетс“ очајно им требаше триумф за да ги задржат шансите за плеј-оф. Гостите беа на прагот на пораз но се случи чудо, Џереми Лемб погоди од половина терен со звукот на сирената и донсе победа од 114-115.

На 3,1 секунда до крајот, Шарлот имаше топка од страна, а Паскал Сиакам со одлична игра во одбрана, го стави Џереми Лемб под притисок и го натера да се врати на својата половина. И кога сите во Торонто помислија дека работата е завршена, Џереми Лемб надвор од баланс, преку играч испрати шут кој од таблата заврши во кошот. Гостинските кошаркари славеа како да освоиле титула, а играчите на Торонто и публиката не можеа да поверуваат што се случи.

Голден Стејт го искористи киксот на Денвер и со победа над Детроит се врати на првото место на Западот. Алдриџ со 48 поени го предводеше Сан Антонио до триумф кај Бостон од 96-115, а Леброн Џејмс забележа трипл-дабл учинок во триумфот на ЛА Лејкерс од 111-106 против Сакраменто.

НБА резултати:

Њујорк – ЛА Клиперс 113:124
Милвоки – Кливленд 127:105
Индијана – Денвер 124:88
Торонто – Шарлот 114:115
Њу Орлеанс – Хјустон 90:113
Бостон – Сан Антонио 96:115
Голден Стејт – Детроит 121:114
ЛА Лејкерс – Сакраменто 111:106

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе