НБА

Малку му е платата од 37 милиони долари, Дурант доби и бонус од 1 милион без да се испоти (ВИДЕО)

Бруклин славеше над Сакраменто со 119-106 и обезбеди настап во плеј-офот, ова значеше бонус од 1 милион дилари за Кевин Дурант, кој се уште нема одиграно ниту една минута за „нетси".

Познати се сите учесници во плеј-офот на Истокот. И покрај тоа што главните ѕвезди на тимот се повредени, Бруклин обезбеди учество во завршницата откако го совлада Сакраменто.

Со одлична тимска игра, (дури седум кошаркари постигнаа барем 10 поени) „нетси“ славеа против „кралевите“ со 119-106, па втора година во низа ќе разигруваат за титулата. 

На пласманаот во плеј-офот добро ќе се израдува Кевин Дурант, кој без да одигра ниту еден натпревар, ќе добие бонус од еден милион долари. Секако, КД го чека и плата од над 37 милиони долари за оваа сезона. 

Орландо загуби од Филаделфија со 108-111, но и покрај тоа „магичните“ ќе играат плеј-оф благодарејќи на победата на Њу Орлеанс над Вашингтон со 118-107.

НБА резултати:

Сан Антонио - Јута 119:111
Мемфис - Оклахома 121:92
Бруклин - 119:106
Филаделфија - Орландо 108-101
Њу Орлеанс - Вашингтон 118:107
Торонто - Бостон 100:122

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе