Подготовки на кошаркарската репрезентација

Македонските кошаркари отпатуваа во Бар на пријателски меч со Црна Гора

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација утрово замина за Бар, Црна Гора каде утре ќе ја има првата и единствена пријателска средба пред претквалификациските мечеви. 

Македонија се подготвува за мечевите против Данска и Словачка кои се играат при крајот на август.
 
Новиот селектор, Александар Јончевски со 13 кошаркари тргна на пат за Црна Горе на пријателскиот меч.
 
Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се уште и: Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, како и младите сили како Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.
 
Натпреварот се игра утре од 19 часот во спортската сала Тополица во Бар.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе