Евробаскет 2021

Македонските кошаркари ги дознаа можните противници за квалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација од шестиот барабан ќе биде извлечена во ждрепката за квалификациите за Евробаскетот 2021 која ќе се одржи во понеделник.

ФИБА ги објави шеширите за квалификациите, Македонија е во шестиот. Според информациите ќе добие противници од вториот, третиот и седмиот шешир. Тоа значи дека ќе ги избегнеме четирите најдобро рангирани, Шпанија, Франција, Србија и Литванија.
 
Квалификациските групи ќе бидат составени од по четири репрезентации, а дури три ќе обезбедат пласман на Евробаскетот во 2021.
 
Домаќините на првенството ќе бидат Германија, Чешка, Италија и Грузија. И тие ќе бидат дел од квалификациите но ќе играат ревијално, имаат обезбедено автоматски пласман на Евробаскетот. И од нивните групи понатаму ќе одат само две селекции, што значи дека не е поволно за Македонија да се најде во група со некоја од нив.
 
Во шестиот барабан покрај Македонија се уште Унгарија, Босна и Херцеговина и Холандија.
 
Наши противници можат да бидат, од вториот барабан Словенија, Грција, Хрватска или Русија. Од третиот Италија, Летонија, Турција или Украина и од седмиот Естонија, Бугарија, Шведска или Австрија.
 
Квалификациите се играат во три термини, 17-25 февруари, 23 ноември до 1 декември 2020 година и 15 до 23 февруари 2021 година.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе