Најдобри кога најмногу требаше

Македонските кадети убедливо ја победија Данска и останаа во елитата

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години ќе продолжи да игра во А дивизијата откако убедливо со 83-64 го доби мечот за опстанок против Данска. 

Натпреварот меѓу кадетите на Македонија и Данска одлучуваше за тоа која селекција ќе остане во А дивизијата, а која ќе се пресели ранг подолу.
 
Македонските млади кошаркари одиграа брилијантен натпревар, победија убедливо со 83-64 и останаа во елитата.
 
Никола Јаничиќ со 20 поени беше нашиот најдобар кошаркар на денешниот меч, Зетов постигна 15, одличен беше Марко Луканоски со 10 поени и 14 скокови.
 
Тие имаат уште два меча од Европското првенство, ќе се борат за пласман од 9 до 12 место.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе