ЕП У16 Удине

Македонија загуби од Словенија, ќе се бориме за 11. место

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години во битката за подобар пласман загуби од Словенија со 87:80 и ќе се бори за 11. позиција во меч против Израел.

Младите македонски кошаркари лошо тргнаа во мечот против Словенија, првата четвртина ја загубија со 21:15. На полувремето беше 43:35 за Словенците.
 
Во второто полувреме Македонија ја подобри играта, дојде до негатива од пет разлика но немаше сила и за комплетен пресврт.
 
Словенија ја одржуваше предноста и на крајот заслужено славеше со 87:80.
 
Резарт Мемед со 28 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, Андреј Митревски постигна 20 поени.
 
Македонија со Израел кој денеска беше поразен од Летонија ќе се бори за 11. место на Европското првенство во Удине.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе