Европско првенство за играчи до 18 години

Македонија загуби од Израел, ќе игра за бронза на Европското првенство

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години загуби во полуфиналето на Европското првенство Б дивизија, „црвено-жолтите" беа поразени од Израел со 66-78.

Во дуел на две репрезентации кои немаа пораз до овој момент, Израел ја совлада Македонија и ќе игра финале на Европското првенство, додека пак „црвено-жолтите“ ќе се борат за бронза која носи и настап во А дивизија.

Избраниците на Тони Симиќ добро го започнаа мечот, реализираа три тројки во воведниот дел и брзо креираа предност, но Израел се врати во игра и на крајот од првите десет минути резултатот гласеше 18-16

На стартот од втората четвртина, двете репрезентации се менуваа во водство за да следи голем пад во играта на „црвено-жолтите“, Македонија неколку минути не можеше да поентира а Израел немилосрдно го полнеше нашиот кош и на полувреме пртивникот замина со предност од 24-43.

Третиот период беше прилично изедначен, Македонија го доби минимално со 19-18 и во завршните десет минути влеговме со големо заостанување.

Избраниците на Тони Симиќ се обидоа да направат нешто повеќе во последната четвртина, полека ја топеа предноста но Израел не дозволи да се вратиме во игра и на крајот рутински го приврши мечот во своја корист со 66-78.

Павел Данаиловски со 16 поени беше прв стрелец во редовите на Македонија, а двоцифрен беше само уште Дарио Митевски со 13 поени.

Шимон Доварт со 20 поени беше најдобар поединец кај Израел, а имаше помош и од уште неколку играчи со двоцифрен учиноок.

Во малото финале утре ќе играме против Чешка, додека пак Израел и Полска ќе се борат за златото.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе