Македонија загуби легенда, Буштур беше еден од најголемите спортисти во нашата историја

Ноќеска во тешка сообраќајна несреќа загина македонската кошаркарска икона, Благоја Георгиевски Буштур. Со сребрен медал од Олимпијада и Европско кошаркарско првенство, тој беше еден од најуспешните спортисти во Македонија.

Кратко време откако светот го загуби Коби Брајант, Македонија остана без Благоја Георгиевски Буштур.
 
Благоја Георгиевски Буштур е роден е на 15 октомври 1950 година во Скопје. Најголем дел од играчката кариера поминува во Работнички, со кој играше во Првата југословенска лига. Во сезоната 1975/76 со Работнички стигнува до полуфиналето од Купот на куповите.
 
Тој беше член на младинската репрезентација на Југославија, со која ја освои Балканијадата во Риека и беше четврти на Европското првенство во Атина.
 
Во 1971 Буштур беше дел од сениорската репрезентација на Југославија што настапи на ЕП во Западна Германија, каде што го освои сребрениот медал.
 
Георгиевски учествуваше и на Летните олимписки игри во 1976, кои се одржаа во Монтереал. И таму го освои сребрениот медал, што е најголем успех на еден македонски кошаркар во историјата.
 
По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер. Беше и селектор на Македонија.
 
Беше член на УО и Собранието на Македонскиот олимписки комитет, претседател на Олимпискиот совет при МОК, а беше и претседател на највисоката спортска институција во нашата земја.
 
Тој е член на Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет од 1997 година.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе